Џејмс: Мораме да играме подобро како тим

30
0
АКЦИЈА

Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс, Леброн Џејмс, изјави дека причината за поразот од Индијана Пејсерс прво ja бара кај себе, а потоа и во другите играчи.

Кливленд во поголемиот дел од натпреварот имаа водство и на полувремето заминаа со предност од 17 бодови, но на крајот беа поразени со 92:90.

– Ова е плејоф и на секој натпревар мора да се победи. Дојдовме овде да победиме, но не го направивме тоа. Не го одигравме крајот како што треба, а тие беа агресивни во второто полувреме, истакна Џејмс по натпреварот.

Тој на натпреварот постигна 28 поени, 12 скокови и осум асистенции, а на прес-конференцијата беше прашан дали смета дека има адекватна поддршка од соиграчите.

– Сите можат да играат подобро, вклучително и јас. На овој натпревар загубив шест топки и имав лоши потези. Мораме сите да играме подобро како тим и тоа ни е единствена шанса да победиме, потенцираше кошаркарот.

Индијана Пејсерс со оваа победа против Кливленд Кавалирс поведоа во плејофот со 2:1.