Јотовски елиминиран во четвртфиналето во Анталија

16
0
АКЦИЈА

Најдобро рангираниот македонски тенисер, Томислав Јотовски, го заврши настапот на турнирот во Анталија (Турција) и не успеа да се пласира во полуфиналето.

Јотовски во четвртфиналето убедливо беше совладан од чешкиот тенисер Павел Неједли и загуби во два сета со 6:1 и 6:2.

Македонскиот тенисер претходно оствари победи против Марсел Илхан и Давиде Гаполини.

Турнирот во Анталија се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Јотовски со самиот пласман во четвртфиналето ќе добие нови поени со кои ќе направи мал напредок на АТП-листата.