Дигиталниот самит продолжува со дебата за борбата со лажни вести

414
0
АКЦИЈА

Дебата „Медиумите во дигиталната ера: Борба со лажните вести“, како и министерска тркалезна маса „Дигитализацијата на Западен Балкан-чекор напред“ се на агендата на вториот ден од Дигиталниот самит за Западен Балкан, што од вчера се одржува во Скопје.

На самитот денеска ќе има панели и на други теми, а ќе биде заокружен со заедничка декларација.

Продолжуваат и активностите на Саемот на ИТ фирми, што се одржува паралелно со Самитот. Водечки домашни и меѓународни компании ги претставуваат најновите услуги, иновативни идеи, разменуваат искуства и склучуваат партнерства за соработка.

На отворањето на Самитот вчера беа упатени пораки за искористување на можностите од дигиталната трансформација и дигитално интегрирање на регионот на Западен Балкан во ЕУ пред тоа да се случи на политички план.

Како што најави еврокомесарката за дигитално општество Марија Габриел, веќе се работи на дигиталната агенда за Западен Балкан која како дел од стратегијата на ЕУ, ќе биде претставена на Самитот што ќе се одржи на 17 мај во Софија.

Тогаш, според најавите, ќе се дефинираат и поконкретни работи околу намалувањето на цената на роамингот на Западен Балкан со ЕУ.