Дигитален самит за Западен Балкан, начини за интеграција на регионот со дигиталниот пазар на ЕУ

1322
0
АКЦИЈА

 

Скопје е првиот домаќин на Дигиталниот Самит на Западен Балкан, чија цел е поголема интеграција со европскиот пазар и искористување на можностите што ги нуди дигитализацијата, за поврзување на луѓето и бизнисите.

Според македонските власти  дигитализацијата на административните услуги е добар начин за намалување на времето на чекање за граѓаните за документи и други услуги. Или за намалување на трошоците за  роаминг, за што зборуваше министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

За соседно Косово , дигитализацијата е важна особено за младите и нивната перспектива, истакна косвскиот премиер Рамуш Харадинај.

Според Харадинај, Владата во Косово работи на регионална координација за слободна економска зона во роаминг и за соработка со земјите од Западен Балкан.  На оваа тема земјите од регионот се очекува да продолжат да разговараат на следниот месец во Софија, а подоцна и во Лондон. Како придружна активност на Дигиталниот сами, беше отворен и саемот Експо на кој излагаат  компании од регионот што работат во дигиталната сфера.

Бесир Арифи