Роднините на убиените кај Смилковско: Државните тајни ќе го разјаснат убиството на пет лица

1634
0
АКЦИЈА
Поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири е откажано рочиштето, прво откако случајот го презеде СЈО.
Адвокатот Насер Рауфи го извести судијата Огнен Ставрев дека Фејзи Азири од здравствени причини вчера е хоспитализиран на Клиниката за пулмологија во Скопје.
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи рече дека овој случај е многу важен и не треба да се одложува поради вакви лесни причини.
Еден од роднините на 5- та убиени кај Смилсковско езеро побара од судското тело да потврди дека пронајденото возило Опел Омега било во сопственост на МВР.
Таткото на убиениот Александар Наќевски рече дека на средба со Заев пред да стане премиер, тој му рекол дека шест функционери од ДУИ се вмешани спомнувајќи го името на потпретседателот Невзат Бејта кој според нив, комуницирал со Фејзи Азири.
Следнито рочиште е закажано за 15 мај