Рома не го продава Алисон

33
0
АКЦИЈА

Претседателот на Рома, Џејмс Палота изјави дека голманот Алисон Бекер нема да биде продаден во текот на летото без оглед на понудите за него кои ќе стигнат во клубот.

– Немаме намера да го продаваме Алисон, изјави кусо првиот човек на „римската волчица“.

За 25-годишниот Бразилец се заинтересирани Реал Мадрид и Ливерпул.

Се шпекулира дека Реал е подготвен да испрати понуда до Рома од 60 милиони долари. Ливерпул подготвува уште посериозно предлог, а голманот е на прво место на листата засилувања што ја прави менаџерот Јирген Клоп.