„Уа“ за брзите, а „лајк“ за совесните возачи во Ѓорче Петров

644
0
АКЦИЈА

Жителите на Ѓорче Петров и денеска бараат одговор од градските и општински власти на нивното барање да се обезбеди сигурно преминување на улицата кај основното училиште Мирче Ацев, каде што вчера во сообраќајка беше повредено дете, а вакви инциденти имало неколку пати до сега.

Во отсуство на официјални мерки, денеска соучениците на десетгодишното момче, кое е сеуште во болница, решија сами да ги предупредуваат возачите, кои на оваа улица според локалното население возат премногу брзо