„Танцфест“ по четвртти пат во Велес

15
0
АКЦИЈА

Интернационалниот фестивал „Танцфест“ 2018 и годинава со танцови претстави на сцената на Народниот театар „Јордан Х.К-Џинот“ во Велес.

Како што информираат од велешкиот театар, вечер со почеток во 20 часот на Малата сцена на театарот премиерно ќе биде изведена танцовата претставата „Егзистирање“ на Скопје танцов театар.

Претставата се состои од три дела: „What happened to …self?“ во кореографија на Јакуб Муњко, „Без стоп“ во кореографија и режија на Матеја Киселички и „Егзистирање“ во кореографија на Рисима Рисимкин.

Во вторник  на 17-ти април, на Големата сцена на Народниот театар со почеток во 20 часот ќе биде изведена танцовата претстава „Д.О.Л“ на Скопје танцов театар во кореографија на Адријана Данчевска.

Билетите за претставите   можат да се купат на касата на театарот.