„Voctail“- виртуелен коктел, направа кој ќе го промени светот на пијалаците  

803
0
АКЦИЈА

Оваа девојка е прва која го дегустира виртуелниот коктел. Добре дојдовте во виртуелниот коктел бар, каде џинот и водата се единствените пијалаци кои се нудат, но во кој има бесконечен избор на вкусови и мириси.

На настанот на иднината „Tech Now“ во Лондон, студентите од Националниот универзитет во Сингапур, го претставуваат Vocktail, интерактивен уред кој овозможува корисниците да ги менуваат пијалаците на дигитален начин, и тоа преку својот мобилен телефон.

Новиот изум има способност на дигитален начин да ги менува вкусовите, мирисите и бојата, овозможувајќи им на корисниците да го приспособуваат нивниот коктел, или пак да дегустираат некој виртуелен вкус, едноставно пиејќи обична вода. Ефектот се постигнува на три нивоа. Прво, мамејќи ги очите со боја, а потоа носот со мирис. На крај, две електроди на работ на уредот, испраќаат електрични сигнали, за корисниците со сите сетила да уживаат во вкусот.

Студентите на Националниот универзитет во Сингапур, исто така, ја креираа и оваа општествена апликација за СМАРТ телефоните, која со уредот се поврзува преку блутут.

Една од посетителките која се заинтересира за содржината на новиот изум, Ное Несвадба, вели уредот е неверојатен.

Друг посетител Гери Џонс, вели дека новата направа би била интересен додаток за коктел баровите.

Настанот на иднината „Tech Now“ во Лондон се одржува во Центарот за бизнис дизајн од 5-ти до 7-ми април.

Бајрам Мемети

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР