Од отпадот ќе се произведува енергија, Македонија наскоро ќе добие регионални депонии

1017
0
АКЦИЈА

Само 18% од граѓаните на Македонија имаат пристап до канализациска мрежа. Освен тоа, земјава веќе подолго време се соочува со еколошки проблем како што се депониите, вели вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. За решавање на проблемот со собирање на отпадот, тој најави формирање регионални депонии во земјава.

Анѓушев вели дека најнапред ќе се одредат локациите за регионалните депонии, а потоа ќе се постави опремата за селектирање на отпадот, од кој ќе се произведува енергија и согорливи материјали за индустриска употреба. Што се однесува до менаџирањето со отпадот, Даме Димитриевски од Технолошко – металуршкиот факултет, рече дека се направени анализи за количината на отпад и за техниките што ќе се применуваат.

Меѓутоа, според универзитетскиот професор, Џенер Занбак, депониите не се најдобро решение за менаџирање со отпадот. Според него селекцијата треба да се врши во домовите.

На тема екологија и менаџирање со отпадот ќе се зборува до 25 март, во просториите на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје, во рамки на меѓународната конференција „Гредит 2018“, на која што ќе учествуваат научници и истражувачи од околу 20 држави од светот.

Бесир Арифи

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР