ДУИ тврди дека Собранието го прекинало пописот, Јанева вели, Aхмети и Груевски имале политички цели

1018
1
АКЦИЈА

ДУИ  поддржува  расчистување на сите случаи од страна на СЈО, вклучително и последниот случај покренат против претседателот на партијата, Али Ахмети.

Шефот на кабинетот и пратеник, Артан Груби рече дека тогаш и самиот тој бил член на комисијата задолжена за спроведување на  пописот, и дека одлуката за прекин на оваа статистичка операција ја донело Собранието, а пратениците гласале по нивна слободна волја.

„Станува збор за пописот од 2011 година кој што заврши со одлука на Собранието на РМ. Со усвојување на законот за прекинување на пописот, одлуката беше донесена во Собранието на РМ, а не во Владата. Владата достави предлог до Собранието, а целата постапка се водеше во Собрание со гласање по слободна волја на тогашниот парламентарен состав“, изјави Груби.

Но, така не мисли и специјалната обвинителка Катица Јанева. Во гостување во ТВ 24 таа вели дека поседува цврсти докази дека прекинувањето на пописот бил политички договор меѓу двајцата партиски лидери, Ахмети и Груевски. Таа воедно додава дека тие ги искористиле како своја продолжена рака пратениците кои што барале спречување на пописот со цел да се сведат на минимум политичките последици. Сепак, не биле сведени на минимум и трошоците од државниот буџет.

Обвинителката првите докази ги обезбедила кон крајот на 2016 година, а сега ги комплетирала. Јанева смета дека во моментов  нема потреба од мерки на претпазливост за Груевски и Ахмети.

Фуркан Салиу

1 коментар

  1. 11 god kriminalen brak megu dRpmne i DUI. Da ne se shtiti kriminalnata bagra na DUI, 11 god tender koalcija. Ima i chesni lugje vo DUI pa i drugite politichki partii na albancite. Rascistete so kriminalot i kriminalcite. Ista pesna peat kako i Gruevski, odlukata bese na sobranieto iako nie narachavme. Eden ist recept, edna ista bagra, DUI i dRpmne!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР