Случај „Алмир“ – Илиќ и покажа среден прст за правдата

1013
1
АКЦИЈА

Покажувањето среден прст, од страна на Бојан Илиќ по вчерашното судење, за адвокатите претставува недоличен гест против целиот правен систем.

„Ова потврди дека тие не се плашеле ниту на денот кога го направиле делото, но не се плашеа да го покажат бесот и вчера по одлуката за преквалификација на кривичното дело за починатиот Алмир Алиу. Тоа го покажаа на многу груб начин веднаш по рочиштето и продолжија да го покажуваат и при излегувањето од притвор. Таа ситуација е загрижувачка, а со тоа треба да се занимаваат сите органи на правдата“, истакна адвокатот на семејството Алиу, Ибрахим Бајрами.

Таткото на жртвата, Сеад Алиу, вели дека не очекувал убаво однесување од семејството Илиќ.

„За неговиот гест, не знам, не бевме таму, туку беа неколкумина демонстранти, но сепак тој ја покажал својата култура. Тоа значи дека  од тој што го направи тоа дело  не се очекува ништо друго. Не се очекува нешто добро од него, само најлошото. Ние не сме задоволни од вчерашната одлука, но ќе видиме во иднина, ништо не се знае“, истакна Алиу.

За случајот „Алмир“, обвинителите Албанци изјавија дека се оградуваат од преквалификацијата на предметот- од убиство, во сообраќајна несреќа со смртни последици.

Ова соопштение го потпишале обвинителите: Ферат Елези, Башким Бесими, Џелал Бајрами и Исмаил Дардишта, кои гласаа против преквалификација, обвинителен акт кој помина со 5 гласа “за“ од нивните колеги.

„Ние јавните обвинители во Јавното Обвинителство на РМ уште од почеток при реферирањето по овој случај во ЈОРМ сме имале став и се уште остануваме на тој став дека обвинителниот акт КО БР. 697/2016 ОД 19.12.2016 ГОДИНА НА ОЈО Куманово кореспондира во целост со дејствијата на обвинетиот како што и бил првично обвинет за кривично дело Убиство предвидено во член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик на РМ“, порачаа обвинителите.

Во реакцијата на Јавното обвинителство во врска со предметот „Алмир“ се вели дека ја осудуваат постапката на некои јавни обвинители за соопштението за овој случај. Според Обвинителството ова води кон сериозни сомнежи за независноста и непристрасноста на јавниот обвинител.

Според нив нема да се дозволи влијание од страна, со што ќе се попречат обидите за средување на состојбите во јавното обвинителство во извршувањето на нивната работа на професионален начин.

Јавните обвинители во извршувањето на својата функција не смеат да бидат под влијание на субјективни оценки, се вели во соопштението  на Јавното Обвинителство.

Аднан Ќаили

1 коментар

  1. Taka treba ovaa ne pravda trebalo od prv pat da pokazat odlucnost deka Ilik e napadnat od strana na monstrumi.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР