АВМУ: Дискриминација, нетрпеливост и говор на омраза кон Албанците во „Миленко Неделковски шоу“

575
0
АКЦИЈА

Со вонредниот надзор извршен по службена должност на емисијата „Миленко Неделковски шоу“ емитувана на ТВ Алфа, на 27 јануари 2018 година, Агенцијата констатираше дека во ова издание се изнесени повеќе изјави и ставови со кои се поттикнува и шири дискриминација, нетрпеливост и омраза врз основа на етничка припадност, се наведува во соопштението на АВМУ.

„Агенцијата писмено ќе и укаже на ТВ Алфа дека го прекршила член 48 од Законот за аудио и аудовизуелни медиумски услуги. Освен ова, имајќи предвид дека во Законот не е предвидена мерка за вакво прекршување, Агенцијата, снимките од емисијата и Писмениот извештај од извршен програмски надзор, ќе ги достави до Основното јавно обвинителство Скопје и до Комисијата за заштита од дискриминација за нивно понатамошно постапување“, велат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР