Законот за јазиците утре во Собрание, Мемеди вели, ВМРО-ДПМНЕ да бидат конструктивни

1316
0
АКЦИЈА

По истекот на рокот од една недела, претседателот на Собранието и координаторите на парламентарните групи, одлучија за утре да ја закажат седницата за законот за употреба на јазиците. Потпретседателот на Собранието, Весел Мемеди за ТВ 21 потврди дека в среда ќе се гласа за законот за јазиците.

„Одлучивме средбата да ја одржиме денеска. На координативната средба беше одлучено законот за албанскиот јазик, заедно со другите две седници што треба да продолжат, да го донесеме утре, во среда кога ќе треба по трет пат да се гласа законот за јазиците“, вели Мемеди.

Тој рече дека во текот на координацијата на политичките партии во Собрание, не присуствувале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

 „Да се избегне едно девијатно однесување во Парламентот, насилно усвојување на овој закон и повикувам на почитување на Деловникот и разгледување на амандманите и отворање на амандманска расправа, која што ВМРО-ДПМНЕ ја очекува за време на утрешната седница на Собранието. Сето останато ќе предизвика реперкусии и за тој што ќе се одлучи да ги прекрши законите, но и сите оние кои што ќе го поддржат во таа постапка”, смета Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за употреба на јазиците е на трето читање во Собрание. Претходно, Претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша законот за јазиците, бидејќи според него, тој е противуставен и нерамноправен кон другите заедници.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ доставија 35 илјади амандмани, со како што велат, докази дека е неуставен. Спротивно мислење има парламентарното мнозинство, тврдејќи дека законот е во духот на Охридскиот договор. Денеска, вицепремиерот Османи во Брисел изјави дека законот ќе биде испратен и до Венецијанската комисија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР