Забраната за достава на стока завршува на крај на март

542
0
АКЦИЈА

До крајот на месец март ќе трае забраната за дистрибуција на стока по маркетите, но тоа не значи дека нема да биде продолжена доколку има потреба. Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека дел од дистрибутерите не ја почитувале забраната воведена во месец јануари како мерка за намалување на загаденоста во централното градско подрачје.

Сепак, првиот човек на градот не ја знае точната бројка на изречени казни, бидејќи како што вели таа евиденција ја води МВР. Oд страна на сообраќајната полиција при СВР-Скопје во месец јануари и февруари поднесени се 72 прекршочни пријави.

Од денеска жителите на Општина Бутел во секој момент ќе може да се информираат за квалитетот на амбиенталниот воздух. Министерот за животна средина Садула Дураки рече дека мерната станица ќе биде поставена во Бутел две години.

Донатор на мерната станица е Европската Унија. Амбасадорот Самуел Жбогар изјави дека не постои магично стапче кој би го решило проблемот. Собранието, владата и институциите треба да ја превземаат одговорноста  за решавање на проблемот, вели тој.

Во Македонија поставени се вкупно 18 мерни станици, од кои дури 14 се донација од Европската унија, а останатите четири ги донирала владата на Јапонија.

Во месеците јануари и февруари Скопје неколку пати беше рангиран на првото место во светот по загаденост. Мерењата покажуваа неколку пати повисоко присуство на канцерогени честички на метар кубен од дозволеното, што беше причина градските и централните власти да воведат мерки, а една од нив беше забрана за достава на стока по маркетите.

Арбана Ќерими Климента

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР