Анѓушев не знае дека финансиска полиција влегла во Антикорупциска

1081
1
АКЦИЈА

Вицепремиерот Кочо Анѓушев не бил информиран дека финансиска полиција влегла и ја испитува работата на Државната комисија за спречување на корупција.

Ова го изјави Анѓушев оградувајќи се дека тој е заменик премиер само за економија и тоа не е во негова надлежност.

Иако вицепремиерот не знае дали информацијата е точна или не, ТВ21 потврда доби од директорот на финансиската полиција дека се чешлаат документите од последниве три години на работењето на Атикорупциска.

„Јас не сум информиран дека било каква полиција влегла во антикорупциска и немам такво сознание и не знам дали е вистина или не е. Мислам, јас сум потпретседател за економија и немам сознанија за тие активности“, вели Анѓушев.

Со влегувањето на финансиската полиција во антикорупциска  извршен е  директен атак врз ова независно тело, изјави за ТВ21 поранешниот член на Државната комисија за спречување на корупција, Ариф Муса.

Тој се сложува дека  неефикасноста е еден од епитетите  кои ги заслужува не само овој состав туку и сите претходни, но дека имало сомневање или можност за толкава злоупотреба на јавните пари во таа институција е неосновано.

Ова според  Муса е притисок за што побрзо поднесување на оставки и формирање на нова комисија блиска до актуелната влас.

„Ова знаете како е, личи дека сакаме нова комисија и се пуштија во решавање со притисок да дадат оставка. Не зборувам за ефикасноста, не ги бранам во тој дел. Значи власта сега се пушти во оваа комисија затоа што сака да го промени составот на комисијата. Апсолутно е тоа така“, вели Муса.

Директорот на финансиска полиција, Арафат Муареми во ексклузивна изјава за ТВ21 рече  дека тие постапуваат според своите надлежности по претходно добиена наредба од јавен обвинител.

„Како ќе течат настаните и начинот на добивање на доказен материјал врз база на тие документи, ние ќе можеме да утврдиме дали навистина се злоупотребени тие парични средства, но истрагата ќе го покаже тоа“, додаде Муареми.

По внатрешната ревизија во Комисијата за спречување корупција во јавноста се обелодени и дека постои сомневање дека антикорупционерите ги злоупотребиле парите од патните трошоци.

По притисокот од јавноста и медиумите 5 од 7 члена веќе си поднесоа оставки вклучително и претседателот, Игор Тантуровски кој се уште тврди дека е чист и дека станува збор за притисок од власта.

Иле Петревски

1 коментар

  1. Na albanski vo Makedonija, 20 tina godini mlad chovek. Roden, obrazuvan, odgledan vo Makedonija a ne go zboruva jazikot na drzavata vo koja zivee. Dobro utro Makedonijo!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР