Како до вистинската „средна класа“ во Македонија?

555
0
АКЦИЈА

По спроведеното истражување на Институтот „Фајненс Тинк“ за стапката на сиромаштија, дури 33 отсто се изјасниле дека живеат во сиромаштија, значително повеќе од оној податок на Државниот завод за статистика кој се смета за официјален, а тоа 21,9 отсто.

За средната класа одговорите кои ги добиле биле очекувани, вели за ТВ21 Благица Петрески. Речиси 65 отсто од испитаниците се изјасниле дека припаѓаат во оваа категорија благодарение на тоа што редовно добиваат плата, одат на годишен одмор, поседуваат  автомобил.

„Објаснувачки фактор е тоа што сиромаштијата е еден помултидимензионален проблем, а не е само доходовен проблем затоа што може граѓаните доходовно не се спаѓаат во сиромашни, но доколку имаат лошо здравје ако живеат во лоши услови или сега имаме млади кои живеат во заедница и не може да се одвојат, тие себе си се сметаат за сиромашни“, вели Петрески.

Од друга страна, пак, само два отсто од испитаниците се изјасниле дека се богати, случајно или не оваа стапка на богати лица во земјава ги објави и Министерството за финансии кои објавија дека два проценти од граѓаните од земјава месечно заработуваат нето плата над 60 илјади денари.

„На страната на сиромашните граѓани, оние кои се перцепираат за сиромашни, најголем дел од нив или 64% сметаат дека владата е заслужна за нивната состојба, а само мал дел сметаат дека лично тие се најзаслужни за состојбата во која се наоѓаат. На другата страна пак на страната на богатите целата заслуга за тоа што се богати и се перцепираат за богати ја сметаат како лична заслуга или на некој член од семејството а никој не смета дека владата е заслужна за тоа што тие се богати“, додаде Петрески.

Во последниве неколку години стапката на сиромаштија и невработеноста  во земјава континуирано се наоѓаше во слободен пад. Претходната влада на чело со ВМРО-ДПМНЕ се фалеше дека тоа е така поради мерките за вработување и големиот број на странски инвестиции кои влегле во Македонија.

Од друга страна сегашната власт или тогашната опозиција предводена од СДСМ не се согласуваше со тие констатации и тврдеше дека граѓаните живеат под основните животни  стандарди.

Податоците со кои излегуваа на прес конференции се дека речиси половина милион граѓани во земјава во текот на денот можат да се дозволат само еден оброк, а денот го поминуваат со помалку од 100 денари.

Иле Петревски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР