ЛШ: Челзи и Барса имаат стари сметки за расчистување

360
0
АКЦИЈА
Барселона гостува на Челзи во еден од најочекуваните судири од  осмина финалето во Лигата на Шампионите. Моменталната форма им дава предност на „Каталонците“, но Челзи е најопасен кога е потценет.
Двата тима имаат богата историја на дуели едни против други, сите по 2000 година. Интересно е дека од вкупно 12 натпревари само два се во групната фаза на ЛШ, а останатите 10 се во елиминациите.
За последен пат, ривалите излегоа еден против друг во полуфиналето во сезоната 2011/12, кога Челзи продолжи по 1:0 на „Стемфорд Бриџ“ и 2:2 на „Камп Ноу“. Од тогашниот состав на Барса, Педро Родригез и Цеск Фабрегас веќе се во составот на „сините“ од Лондон.
Најмногу незаборавни беа натпреварите во 2009 година. Двете екипи беа ривали во полуфиналето и првиот натпревар заврши 0:0. На реваншот во Англија, Челзи поведе и беше на секунди од финалето, но гол на Андрес Иниеста во дополнителното време го донесе крајниот успех на Барса.
Интересни факти пред мечот:
–  Челзи забележа три порази во четири натпревари пред да ги освои своите последни два дуели гола со разлика од 7:0
–  „Сините“ имаат само два порази во 16 натпревари против шпанските тимови
–  Барселона забележа само еден пораз во сите официјални натпревари во сезоната
– Каталонците не дозволија гол во нивната мрежа при три гостувања оваа сезона во групната фаза од ЛШ
– Меси нема гол во своите осум натпревари против Челзи и само еднаш го победи тимот од „Стемфорд Бриџ“.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР