Поранешниот селектор на Србија го засилува Вардар

354
0
АКЦИЈА
Поранешниот селектор на Србија и европски клупски првак, Дејан Периќ (47) од почетокот на март ќе биде дел од стручниот штаб на Вардар, соопштија од тимот.
Периќ ќе биде одговорен за работата со голманите во „црвено-црниот“ клуб.
Во својата играчка кариера Периќ има настапувано за екипите на Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем. Како дел од овие тимови двапати беше европски првак, со Целје во 2004 и со Барселона во 2005. Со Веспрем во 2008 го освои КПК, а има и девет титули во првенствата на Словенија, Шпанија и Унгарија.
Како играч има настапувано за репрезентацијата на СФРЈ, СР Југославија, Србија и Црна Гора и Србија. Има бронзен медал од ЕП 1996, и од СП 1999, како и злато од медитеранските игри во 1991 година.
Во периодот од 2015 до 2016 година беше и селектор на репрезентацијата на Србија.
– За Македонија ме врзуваат убави спомени бидејќи на почетокот на мојата кариера играв во Битола. Исто така во еден период и мојот татко беше тренер на Вардар, па затоа ја чувствувам поврзаноста со тимот. Верувам дека заедно со Вардар ќе продолжиме со добрите резултати и во иднина ќе има добри голмани кои и досега беа препознатлив дел од тимот. Вардар е тим од самиот европски врв, има одлични играчи и услови и тоа е добар предуслов за продолжување на она што клубот во моментов го има постигнато, вели Дејан Периќ, цитиран од европскиот ракометен шампион.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР