Надал: Се откажувам од борбата за првото место

415
0
АКЦИЈА

Еден од најдобрите тенисери во светот Рафаел Надал најави дека повеќе нема да се бори за првото место на АТП листата, откако викендов Рожер Федерер со успехот во Ротердам со полни 36 години како највозрасен тенисер во историјата, се искачи на лидерската позиција.

Надал истакна дека Федерер е врвен играч без разлика дали е прв или не.

– Тој немаше потреба да се врати на првото место за да докаже кој е во тенисот. Она што тој го постигна е навистина многу тешко и јас само можам да му честитам. Рангирањето не лаже, тој беше подобар од мене во последните 12 месеци, посочи Надал.

Шпанскиот тенисер наведе дека ќе се труди да ја одигра сезоната најдобро што може, без при тоа да се оптоварува со позицијата на АТП листата.

– Ме прави среќен тоа што се чувствувам мотивиран и имам желба да освојувам турнири. Нема да се борам за првото место. Да се биде прв, трет или петти веќе нема разлика, наведува Надал.

Тој во моментов се подготвува за турнирот во Акапулко, Мексико, на кој ја брани титулата откако лани во финалето го порази Американецот Сем Квери.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР