Предлог-законите за OTA со недостатоци, потребна е заштита на приватноста и построги критериуми

461
0
АКЦИЈА

Според разгледувањето на предлог-законот за следење на комуникациите, оценето е дека двата предлог-закони имаат недостатоци кои можат да влијаат и поради тоа да не се постигнат очекуваните резултати. Професорот Марјан Ѓуровски истакна дека овие предлог закони треба да нудат ефикасност и ефективност во безбедносниот систем, а досегашниот пристап кон реформите дава парцијално решение, и не само тоа туку овој пристап може да биде во спротивставеност со препораките на ЕУ.

Според професорот за безбедност Томе Батковски, формирањето на ОТА, е важен чекор и според него важно е лицата кои работат за безбедносните и разузнавачките  служби, поради безбедносни причини, да бидат единствено граѓани на Република Македонија.

Но дали се чувствуваат граѓаните безбедни со доаѓањето на новата власт? Според анкетата на ТВ21 се забележува зголемена доверба кон сегашната влада.

Трајчо Димков од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека се забрзани одлуките за реформи и според него, треба повеќе време се со цел да се донесат подобри законски решенија. Законите за реформи во системот за прислушување треба да се усвои во втората фаза во Собранието, а предвидено е ОТА да започне со работа во Ноември. МВР досега не информираше колкава сума на средства ќе бидат потрошени за реформи. Прецизноста на законските решенија за реформи во системот на следење, нивна услогласеност со меѓународните стандарди, заштита на личните податоци и департизацијата на службата, се   дел од препораките кои излегоа од втората дебата за предлог-законот за следење на комуникациите и формирање на ОТА.

Сара Кајоли

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР