Почина две и пол годишно момче на Детска клиника

378
0
АКЦИЈА

Две и пол годишно машко дете од Скопје кое на 7 јануари било примено во тешка здравствена состојба на Клиниката за детски болести викендов починало, потврдија за МИА од таа јавна здравствена установа.

Пациентот Ј.Ц , роден 2015 година е примен на Клиниката на 7 јануари во тешка состојба, со покачена телесна температура и наод кој одговара на акутна бронхопневмонија. Пациентот е хоспитализиран на Одделот за пулмологија од каде во неколку наврати поради влошување на состојбата бил лекуван и на Одделот за Интензивна нега и терапија. Лабораториски за време на престојот е докажана инфлуенца Б, соопштија од Клиниката.

Во текот на вчерашниот ден, посочуваат од Клиниката, доаѓа до нагло влошување на состојбата и пациентот е симнат на Одделот за Интензивна нега и терапија, но сите обиди за реанимација останале без успех.

Инаку, се работи за пациент со Даунов синдром, кај кој по раѓањето е дијагностицирана хипотиреоза и Вест синдром – тешко неврололошко нарушување кое предизвикува епилептични напади поради кои пациентот прима редовна антиепилептична терапија. Во текот на минатата година Ј.Ц бил во неколку наврати лекуван на Клиниката за Детски болести од пролонгирана и комплицирана пневмонија, стои во соопштението.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР