Дибиров во тимот на колото во ЛШ

426
0
АКЦИЈА
Рускиот репрезентативец во редовите на еврпскиот шампион Вардар, Тимур Дибиров, се најде во тимот на колото по победата од 34:30 во рамките на 12.коло во Лигата на шампионите. Крилото го одигра најдобриот меч сезонава, откако постигна 11 гола со само едно промашување.
Покрај Дибиров во изборот на ЕХФ се најде и уште еден играч на Вардар. Пивотот Мијајло Марсениќ го постигна еден од најубавите голови во ова коло.
Идеалниот тим на 12. коло од ЛШ:
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Раул Ентрериос (Барселона)
Десен бек: Албин Лагергрен (Кристијанштад)
Десно крило: Никлас Екберг (Кил)
Пивот: Игор Аниќ (Целје)
Голман: Родриго Коралес (ПСЖ).

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР