Шкупи немоќен против Шкендија, Вардар убедлив против Победа

364
0
АКЦИЈА

Шкупи попладнево доживеа пораз од Шкендија со резултат од 0-3, во натпревар од 20. коло на ПМФЛ.

Цуцули ја доведе Шкендија во водство во 33-та минута, а Хасани и Ибраими во завршницата од натпреварот ја запечатија судбината на екипата од Чаир.

Вардар очекувано дојде до триумф против Победа со идентичен резултат, 3-0. Барсегјан и Максимов пресудија на прилепчани, за продолжување на битката за титула во нашиот шампионат со Шкендија.

На останатите мечеви, Пелистер го победи Работнички (3-2), а Академија Пандев и Скопје одиграа без голови. Исто така, Ренова и Силекс вчера ремизираа без погодоци.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР