Аерозагадувањето ги наполни клиниките, недостаток на опрема и кадар во болницата Козле

604
0
АКЦИЈА

Недостаток од медицинска опрема во детската болница Козле. Стотици пациенти дневно ја посетуваат оваа болница, а во моментов хоспитализирани се 86 деца. Причина за зголемениот број пациенти е загадениот воздух. Болницата Козле, односно Институтот за белодробни заболувања, денеска доби два нови апарати. Директорот на болницата истакна дека веќе подолго време се соочува со дефицит на медицински сестри. Андоновски, очекува овој проблем наскоро да биде решен.

Веќе долго време, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги повторува краткорочните мерки кои треба да се преземат против енормното загадување. Прашан за спроведувањето на овие мерки, Шилегов рече дека дефинитивно треба да се промени концептот на затоплување на куќите во Скопје. Според него, тоа е главен фактор за загадувањето и додава дека наскоро ќе започне процедурата за гасификација.

Новата медицинска опрема со која е снабден Институтот за белодробни заболувања, служи како монитор за контрола на одредени параметри, со кои треба да се контролираат децата со тешки болести, исто така и ЕКГ при што во самата опрема има дел за дијагностицирање.  Оваа опрема беше донација  од Град Скопје во соработка со Телеком Македонија. Средствата со кои е купена оваа опрема се од  заштедените пари кои што беа предвидени за  новогодишната прослава.

Алмедина Исмајли

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР