Се бара пола милион евра отштета за Села, ЈО бара судот да не го земе како доказ исказот на сведокот

1710
0
АКЦИЈА

Повеќе од пет часа сведокот кој беше повикан од обвинителството одговараше на прашања поврзани со физичкото насилство врз лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села од Собранието на 27 април.

Тој раскажуваше како влегол во Законодавниот дом со разгневената толпа и додаде дека цело време додека бил во Собранието снимал со својот мобилен телефон.

„Видов како Села беше погоден во глава со различни предмети од неколку лица кои беа во прес центарот, а тоа се склучи додека беше во групата со останатите пратеници од СДСМ. Беше опкружен со луѓе од сите страни. Се тргнав на страна и кога се вратив се беше завршено. Тој лежеше во бессознание на подот, луѓето почнаа да се тргаат мислејќи дека е мртов. Потоа Села беше изнесен, како и од кого не знам“, вели сведокот на обвинителството.

Сепак обвинителот Дарко Јакимовски во вкрстено испрашување му го предочи исказот даден во истрага.

„Во истрага рековте и дека сте виделе како неколку лица го удираат во главата и по телото при што ви беа покажани фотографии од неколкумина од сега обвинетите, а вие потврдно одговоривте дека се сеќавате на нив дека биле во Собранието“, порача Јакимовски.

Обвинителот Јакимовски на крај побара судот како доказ да го земе предвид исказот на сведокот даден во истрага. Но, судијката барањето го одби.

На денешното рочиште и застапникот на Села рече дека ќе бара оштета од скоро половина милион евра.

„Побарувањето е за нематеријалните и материјалните трошоци. Во материјални се трошоците кои оштетениот ги направил за лекување во Р. Македонија и надвор од државата. А нематеријалните се за душевна болка и претрпениот страв, повреда на неговиот интегритет како пратеник и претседател на партија. 30 милиони денари бараме на база на материјални и нематеријални трошоци“, вели Абидин Абдули.

На следното рочиште, исказ како сведок ќе треба да даде и Зијадин Села. Претходно обвинетите тврдеа дека се невини. Единаесет лица се обвинети во овој случај, а се товарат за убиство во обид.

Михајло Видимлиски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР