Тесла моторс регистрираше рекордна загуба во пoследното тромесечје од 2017

413
0
АКЦИЈА

 Најголемиот светски производител на електрични возила Тесла, соопшти дека во последното тромесечје од 2017 година претрпел загуба од 675,4 милиони долари, многу повеќе отколку во истиот период во 2016 година кога загубата изнесувала 121,3 милиони долари.

Во исто време, зголемени се приходите од 2,8 на 3,3 милијарди долари. Иднината на компанијата зависи од производството на Моделот 3. Тој производител смета дека производството на Моделот 3 до крајот на првото тримесечие од годинава ќе достигне 2.500 автомобили неделно, а до крајот на следнито тримесечие од 5.000 автомобили.

Модел 3 почна да се продава лани по цена од 35.000 долари. Соопштението за финансиските резултати не влијаеше на цената на акциите на калифорниската компанија. Тесла моментно, е со пазарна капитализација од 56,1 милијарди долари, втора најголема компанија во САД зад Џенерал Моторс, чија вредност лани е проиценета на 145,6 милијарди долари.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР