Пасија за „олдтајмери“, почнал со 5, сега има 111, и не запира

501
0
АКЦИЈА

Ова е Скопје во 1962 година, една година пред земјотресот кој што целосно го уништил градот. Автомобилите кои во тоа време се возеле, одамна се исфрлени од употреба. Сепак, некои од нив повторно ќе оживеат. А, виновник за тоа е 68-годишниот Дионис Пашлаков од Неготино кој се обидува репарира.

Ова се само дел од олдтајмерите кои ги поседува Дионис. Во другиот дел е автомобилот што некогаш бил во сопственост на Лазар Колишевски, долгогодишен лидер на македонските комунисти и еден од најмноќните луѓе во Македонија во периодот од ослободувањето на земјата до падот на комунизмот. Автомобилот за кој се мисли дека некогаш му припаѓал на неговиот телохранител, сега “лежи“ во една од гаражите на Дионис.

Третиот дел од гаражата на Дионис е најубав. Репарираните автомобили се паркирани во добро покриена гаража. Најстариот автомобил од неговата колекција е Опел Вектра Лимба од 1951 година, за кој Дионис посебно се грижи.

Колекционерот кој има 111 автомобили. Со половина срце вели дека веќе нема да купува стари автомобили, бидејќи така и ветил на сопругата. Но, воедно додава дека е многу тешко да сопре со ова хоби.

Дионис вели дека ова е негова зависност од која не може да избега.

Гаражите на Дионис ги посетуваат голем број на туристи. Тој има само еден сон – да изгради музеј во кој ќе бидат сместени сите негови олдтајмери. За тоа бара поддршка од општина Неготино.

Африм Јонузи

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР