Судскиот совет наскоро ќе се произнесе на АКМИС-от

404
0
АКЦИЈА

Судскиот совет наскоро ќе се произнесе по Извештајот за функционирањето на АКМИС-от, вети првиот човек на ова тело Зоран Караџовски. Што ќе преземе Советот ќе се знае откако и членовите што немаат безбедносен сертификат ќе го добијат и ќе го разгледаат Извештајот кој е со назнака строго доверливо.

„Оние членови што имаме сертификати деновиве интензивно ќе работиме и ќе мораме нешто да преземеме и да ја известиме јавноста што сме презеле во врска со тоа. Бидејќи јавно беше прашан министерот и тој сепак кажа дека е класифициран како строго доверлив материјал, членовите кои што немаат безбедносен сертификат чекаат да добијат“, рече Караџовски.

Комисијата која ја формираше Министерството за правда по забелешките на Прибе, констатираше недоследности во компјутерскиот систем за распоредување на предметите во Скопска единица и во Врховен.

„Исклучувањето на судиите од автоматската распределба на предметите  се вршело без изготвување на писмена одлука со наредба и без образложена причина. Тоа се правело само со параф на претседателот на судот и со телефонско јавување во судската писарница“, беше наведено во заклучокот на Комисијата.

Но, Судскиот совет е во дилема и како да постапи по иницијативите за разрешување на претседателите на Врховен и Апелација, но и на шестмина други судии од кои се бара одговорност за бегството на агентите Горан Грујевски и Никола Бошковски обвинети од СЈО за незаконското прислушување. Советот за утврдување на факти кој што ги водеше овие иницијативи и со вчерашната објава во Службен весник и официјално не постои, па Караџовски најави дека ќе бара од Собранието автентично толкување на законот со кој беше укинат Советот за факти.

Судскиот совет треба да ги добие сите иницијативи кои беа пред Советот за факти. Се работи за над стотина претставки за кои првиот човек на сега укинатиот Совет за факти Сашо Поцевски, тврдеше дека Судскиот совет нема сериозно да ги разгледа.

Михајло Видимлиски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР