Симе Пешевски од Куманово го фати крстот во црквата „Свети Никола“

63
0
АКЦИЈА

равославните верници од Куманово, утрово, масовно ги посетија црквите, по повод големиот христијански празник Богојавление Водици, присуствуваа на литургијата, се помолија за здравје и благосостојба и си зедоа осветена богојавленска вода.

Крстот денеска се фрлаше во сите фонтани во кумановските цркви. Во Соборниот Храм „Свети Никола“ крстот го фати 20 годишниот Симе Пешевски. Тој прв пат скока по крстот. Од кумановско-осоговската епархија доби подароци, икона и крст, а подароци доби и од кумановска златара.

Крстот, денеска се фрлаше и во базенот на црквата „Света Тројца“, каде најсреќен беше 21 годишниот Денис Андриевски.

Дел од православните верници денеска, пресекоа и колач за здравје.

Празникот е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстител. Празникот се нарекува Водици, поради осветувањето на водите што го врши Црквата,поради осветувањето на водите што го врши црквата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР