Бугарија го ратификуваше Договорот со Македонија

472
0
АКЦИЈА

Со 186 гласови „за“, ниту еден против или воздржан бугарскиот парламент го изгласа договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Македонија. Ратификацијата беше поздравена со аплауз од пратениците.

Според пратениците во бугарското Собрание, иако со претходната власт беше речиси незамисливо да се потпише договор, сепак само два месеци по промената на старото раководство во Македонија, се решија несогласувањата кои 10 години беа пречка за потпишување на документот.

„Да им дадеме шанса на нашите браќа од другата страна на Осогово, да ја имаа својата европска перспектива, така како што секогаш сме им подавале рака во тешките моменти“, рече Красимир Иванов, пратенк од Обединетите патриоти.

„Ова не значи дека не треба да бидеме внимателни по прашањето како овој договор подоцна ќе биде реализиран во пракса“, изјави Кристијан Вигенин, пратеник Вигенин.

Во следните шест месеци со Советот на Европа ќе претседава токму Бугарија. Во пресрет на преземањето на претседавачкото столче, премиерот Бојко Борисов изјави дека Бугарија и Македонија со потпишувањето на договорот дадоа исклучителен пример дека има држави на Балканот кои со добра намера можат да решаваат проблеми и во ЕУ да не одат со тие проблеми.

„Вистински се надеваме сега дека меѓу Скопје и Атина исто да заврши процесот на преговори за името затоа што тоа ќе отвори голема перспектива за Скопје“, изјави Борисов.

Според шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, исполнувањето на договорот за добрососедство и соработка почна уште пред неговата ратификација.

Антонио Крстевски

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР