Македонците во Албанија ја одбележаа Василица

734
0
АКЦИЈА

Македонците во Албанија традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар.

– Меѓу Македонците во Албанија, празникот е познат како Василица или Сурова, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Синоќа во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, се палеа Василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе, пренесува електронското издание на „Илинден“ единствениот весник на македонски јазик во Албанија.

Во секое македонско семејство ширум Албанија, во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец… домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.

Весникот наведува дека Македонците сега се подготвуваат за големиот празник Водици.

Честитка по повод Стара Нова година, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, со желби за здравје, среќа, мир и благосостојба.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР