Лукајиќ: Ќе се обидеме да ја изненадиме Цибона

349
0
АКЦИЈА

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево од 15 часот и гостуваат на Цибона, во меч од 16. коло од АБА-лигата.

Хрватскиот тим на овој дуел влегува како голем фаворит додека македонските кошаркари со желба да прикажат добра игра и да пробаат да го изненадат поранешниот европски шампион.

Тренерот Жељко Лукајиќ и на овој меч нема да може да смета на повредениот Дарко Соколов.

– Пред нас е меч во кој бараме победа за подигање на атмосферата во тимот. И овој пат се соочуваме со проблеми со повредени кошаркари, со оглед што Соколов сѐ уште не е подготвен да ни помогне. Згора на тоа, ростерот и понатаму не ни е докомплетиран со оглед на празнината на плејмејкерската позиција по заминувањето на Павичевиќ. Од друга страна, против себе ќе ја имаме силната Цибона, која има голем број преискусни играчи со долгогодишно искуство во АБА-лигата. На нас е да го дадеме максимумот, да покажеме дека формата е во нагорна линија и да пробаме да го покажеме тоа во Загреб, вели Лукајиќ.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР