Сообраќај по наместа влажни коловози, снег кај Крива Паланка, Плетвар и Делчево

420
0
АКЦИЈА

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Снег со слаб интeнзитет кој не се задржува на коловозот провејува на патните правци Крива Паланка, Плетвар и Делчево, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР