Облачно време, со локален дожд и снег

414
0
АКЦИЈА

Времето денеска ќе биде значително облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег претежно во планинските делови на запад и на исток. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, а снег е можен и на повисоките места и во котлините, особено во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец. Температурата од 1 до 7 степени.

Во Скопје претежно облачно со услови за појава на слаб дожд, кој на повисоките делови во котлината повремено ќе поминува во слаб снег особено попладне. Температурата до 5 степени.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР