Македонија ја совлада Словенија – Лазаров: Ја урнавме гранитната одбрана на Вујовиќ

664
0
АКЦИЈА

Со резултат 25:24 Македонија ја декласираше Словенија, актуелниот  освојувач на бронзата од последно Европско првенство.

Раул Гонзалез изјави дека оваа победа влева надеж за понатаму.

„Се чувствуваме како да играме дома, во Македонија. Им благодариме многу на сите во публиката. Одигравме паметно и машко. Кој разбира ракомет и спорт воопшто, ќе сфати дека Вујовиќ постави гранитна одбрана, но ние добро проценивме и игравме паметно.“ изјави Кире Лазаров по натпеварот.

Првото полувреме од натпреварот меѓу Македонија и Словенија заврши нерешено, со резултат 11-11, во групата Ц, на Европското првенство 2018 во Загреб.

Првиот гол за македонската ракометна репрезентација го постигна Столе Стоилов.

Раул Гонзалез побара  тајм-аут на резултат 8-11, а веднаш потоа Кире Лазаров го постигна петтиот погодок.

Второто полувреме почна со двата гола на Дејан Манасков, па следуваа погодоците на Филип Миркуловски и Жарко Пешевски.

Словенците  на 15 минути пред крајот повторно фатија приклучок и преку Заребец израмнија на 17: 17.

Последните неколку минути беа драматични, но завршија во полза на македонската ракометна репрезентација.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР