Опозицијата останува надвор од процесот, апел од Димитров до Нимиц да даде предлог во среда

988
0
АКЦИЈА

Двете страни го охрабруваат медијаторот Нимиц на следниот состанок да понуди првична рамка за името, вели шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Во вчерашното гостување во „Клик Плус“, министерот за надворешни изјави дека големи се очекувањата на состанокот кој во среда ќе се оддржи во Њујорк, посредникот за спорот од својата актовка да извади предлог за името.

Дали тоа ќе биде целосно нов предлог или сличен на претходните останува прашалник, иако во јавноста, минатиов период се лицитираше со неколку можни предлози. Димитров ги коментираше и обвинувањата од Грција за иредентизам во Македонија.

„Не може Македонија да биде грчка, бидејќи не е. И не може Македонија да биде само наша, бидејќи не е. Регионот е голем има три држави, и во таа смислам мислам дека правиот одговор на иредентизмот што значи аспирации кон нас, аспирации, кон туѓа територија, кон нешто што не е наше, најдобриот одговор е принципот на не ексклузивност“, изјави Димитров.

Шефот на дипломатијата вели треба да се вклучи и опозицијата бидејќи ќе биде потребна во целиот процес, и заедно со неа треба да изградат една национална линија особено за прашањето за името кое е од најголем државен интерес.

 „Ние имаме цврста намера да направиме се што можеме да ги вклучиме бидејќи имаме таков интерес, имаме таква должност. Ќе видиме дали тоа ќе се одвива како што досега беше традицијата, уставно-политичка во Македонија под покровителство на претседателот на Републиката“, изјави Димитров.

Меѓутоа од најголемата опозициска партијата во земјата остануваат на тврдењата дека се целосно исклучени од процесот на преговори и немаат никаква информација каков е напредокот. Иако вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи најави дека ќе побара средба со Мицковски меѓутоа се уште не се случило такво нешто.

„Не, не сум бил контактиран ниту пак сум имал било каква средба со вицепремиерот, господинот Бујар Османи“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитров вели дека од преземањето на функцијата министер за надворешни работи успеале да направи нова перцепција за Македонија. Од земја на проблеми и криза на Македонија денес земјите членки и Европската комисија гледаат како на држава кој ќе постигне успех.

Антонио Крстевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР