Возилата ги блокираат велосипедските патеки во Чаир

964
0
АКЦИЈА

На патеките по кои велосипедистите треба да ги возат своите велосипеди, жителите  од населбите Бутел и Чаир ги користат како паркинг места. Иако улицата „Цветан Димов“ во Чаир е проширена специјално за велосипедистите, сепак возачите на автомобилите проширениот дел го употребуваат како место за паркинг.

Граѓаните велат дека Чаир има потреба за велосипедска патека, бидејќи возењето на самите улици е ризик за велосипедистите.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вели дека интензивно се работи на проектот „Скопје град на велосипеди“ и дека за пролонгирањето на проектот го обвинува претходното раководство.

Проектот „Скопје град на велосипеди“ беше промовиран во 2015 година. Тогашниот градоначалник Коце Трајановски, вели дека четирите патеки за велосипеди ќе бидат завршени во 2017 година, додека актуелниот градоначалник Петре Шилегов вети дека патеките ќе бидат готови до крајот на оваа година.

Арбана Ќерими

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР