Трамп му даде последна шанса на нуклеарниот договор со Иран

397
0
АКЦИЈА

Иако договорот со Иран го смета за „најлош договор на сите времиња“, американскиот претседател Доналд Трамп засега не посегнува по санкции.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е ова последен пат што се откажува од повторно воведување санкции. На европските партнери во преогворите – Велика Британија, Франција и Германија тој им даде рок од 120 дена за отстранување на „ужасните недостатоци“ од договорот и за убедување на Иран. Владата на Трамп одбива да преговара директно со Иран.

Трамп во својата писмена изјава бара да се спроведуваат построги инспекции и да се осигура дека Иран никогаш нема да може да направи нуклеарна бомба. Сите договори би морало да бидат со неограничен рок, бара американскиот претседател. Освен тоа, според него, ракетната програма и атомската програма би требало да бидат поврзани, а не да се третираат одделно.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР