Лев на местото на Зидан во Реал Мадрид

439
0
АКЦИЈА

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев е најсериозниот кандидат да го замени Зинедин Зиндан на кормилото на Реал Мадрид.

Како што пренесуваат шпанскиоте медиуми, претседателот на Реал, Флорентино Перез уште пред две години имал контакти со Германецот, но сепак на крајот се решил да му даде шанса на Французинот.

Но, и овој пат услов за Лев да седне на клупата на „кралевите“ е евентуалниот неуспех на Зидан во Лигата на шампионите, односно елиминација во осминафиналната рунда од францускиот Париз Сен Жермен.

Доколку се случи тоа, тогаш Лев ќе биде блиску до ангажман во Реал, кој пак од друга страна на Германецот ќе треба да му го исполни условот, да му дозволи, без никакви ограничувања, да ја води својата селекција на претстојното Светско првенство во Русија.

Сепак останува да се види дали ваквите најави ќе се остварат, особено ако се има во предвид дека речиси идентична најава имаше на почетокот на  септември месец минатата година, но Зидан сеуште го предводи Реал и покрај лошото издание на во Ла Лига.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР