ЕП Хрватска ракомет 2018: Вечерва Македонија – Словенија

491
0
АКЦИЈА
Македонската ракометна репрезентација на почетокот на 13.то Европско првенство, вечерва во Загреб, ќе игра против селекцијата на Словенија.
Вчера селекторот Раул Гонзалез го скрати списокот од 19-те играчи отпаднаа: Златко Даскаловски, Гоце Ојлески и Велко Маркоски.
Денешниот противник Словенија на ова првенство ќе настапи ослабен поради неколкуте повредени играчи пред се Јуре Доленец.
Во групата покрај Македонија и Словенија се уште и селекциите на европскиот првак Германија и Црна Гора.
Почетокот на дуелот Македонија – Словенија е во 19:30 часот, а од 17:15 часот е дуелот Германија – Црна Гора.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР