Протести пред куќата на Кахремани, Исмаили вели, оваа мала група ги предаде начелата на БЕСА

716
0
АКЦИЈА

Кризата во Движење Беса на јавните дебати го вклучи и името на професорот Аднан Исмаили. За него се зборуваше како за човек кој стои зад Беса, но, тој меѓу редови, рече дека е разочаран од претседателот Касами и дека гледа надеж во Кахремани.

„Но, денес работите се веќе изместени и за некои од нив сега веќе сум „обележано лице“, дури ме седнаа и на обвинителна клупа за работи со кои немам никаква врска. Според мене, оваа мала група ги предаде начелата со кои што некогаш се гордееја и денеска не си стојат на зборот за имплементирање на сите овие работи кои што некогаш им помогнаа на разни начини. Веста дека Неџбедин Кахремани во моментов е раководител на Беса, за мене претставува надеж за албанската политика во Македонија“,  вели Исмаили.

Денеска во Тетово, десетици лица се собраа пред куќата на вршителот на должност – претседател на Движење Беса, Неџбедин Кахремани. Тие од него побараа да ја напушти оваа функција, бидејќи, според нив, дејствувал спротивно на статутот на партијата.

„Вие сте сведоци дека денешната активност е мирна и демократска, каде активисти на Движење Беса изразија револт во врска со дејствијата на пратеникот Кахремани.  Ние апелираме до него да застане на страната на тоа што го бараат структурите на Движење Беса во Тетово и околината, на страната на Биљал Касами. Доколку не го стори тоа, тогаш го повикуваме да ја напушти позицијата пратеник на Движењето Беса“, изјави Абдуш Демири, портпарол на Беса.

Пред протестот, од канцеларијата на Движење Беса информираа дека повторно има закани по животот на Неџмедин Кахремани. Од СВР Тетово велат дека го внимателно следат случајот.

Аднан Ќаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР