Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работи групи за спорот за името

397
0
АКЦИЈА

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе бидат посветени на пронаоѓање решение за спорот за името. Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Ројтерс.

„Уверени сме дека и од двете страни постои волја да се оди напред, вели Димитров“, кој вчера во Солун имаше средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

Димитров очекува првиот состанок на работните групи да се реализира следниот месец.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР