„Клик плус“ –   Невладините против извршителите, обвинуваат за грабеж и бараат итна ревизија

443
0
АКЦИЈА

Марјан Ристевски од иницијативата „Стоп за извршителите“ јавно побара од премиерот Заев, извршителите да се вратат во судовите и наплатените пари да завршуваат во државната каса, а не како што вели, на приватни сметки. Ристевски се сомнева и во криминал,  па затоа побара и ревизија од странска компанија.

„Ревизија да направи некое некое независно тело, да влезе СЈО кај нив , да видат што работеле, еве ќе објаснам кои се нашите барања. И ние од тоа не отстапуваме. Некое експертско тело, некое независно тело, не тие. Дури и јавниот обвинител може да влезе тука“, вели Ристевски од „Стоп за извршители“.

Претседателот на Комората на извршителите, Зоран Димов, тврди дека работата ја извршуваат според  законот. Оние кои не ги почитуваат правилата, се санкционираат а има и случај кога извршител ја губи лиценцата за работа ако направил поголема нерегуларност во извршувањето на задачите.

„Извршителот мора да ги наплати трошоците на адвокатот на нотарот.  Понатаму ние имаме и други трошоци, во текот на постапката на извршување. Имаме и трошоци на проценување, на вештаци, Имаме трошоци кои ги плаќаме на Катастарот, кои се огромни, а сега се намалени за 50%“, изјави Димов.

Извршителката Деловска просведочи и за неколку непријатни ситуации кои и се случиле додека била на должност. Не само што имала вербални напади од  должници туку во нејзината канцеларија влегол човек со динамит и и рекол – „двајцата ќе летаме”.

„Веднаш кога граѓаните ќе добијат наш налог, веднаш да дојдат во наша канцеларија, има решение за се . Не би сакале во иднина да дебатираме со овој тон, излегуваме во пресрет, социјални случаи , пари чуваме по 15 дена , и покрај тоа што нашиот закон вели дека должни сте во рок од 24 часа да ги распределите“, изјави Деловска.

 Билбиловски вели, секоја година огромен број на приматели на  социјална помош добиле блокада на сметките  од страна на извршителите.

„Таа бројка на годишно ниво во последните 4 , 5 години се движи некаде од 200 до 300 поединечни претставки . Таму има најразлични претставки како поединечни така и генерално за нешто што значи состојба . Некаде се оправдани и се водат постапки таму каде што има надлежност народниот правобранител, секако дека се вршат проверки се бараат овластувања“, рече Зоран Билбиловски – Канцеларија на Народен правобранител.

Инаку,  во Министерството за правда се подготвува нов закон за работата на извршителите, кој треба да биде готов до средината на оваа година. Што конкретно ќе содржи законот и дали ќе има намалување на трошоците на граѓаните е прашањето на кое не добивме одговор бидејќи тоа требаше да го каже токму министерот за правда, кој одби да гостува во дебатата. Инаку за 10 години работа на извршителите, тие наплатиле близу една милијарда евра од граѓаните и фирмите.

Иле Петревски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР