Шилегов: „Дрисла“ требала да добие нова печка во 2012 година

333
0
АКЦИЈА

Депонијата „Дрисла“ во 2012 година требала да добие нова печка, но тоа не се случило од непознати причини, информираше Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на денешната прес конференција.

-Нашите претходници пред шест години планирале нова печка за согорување на медицински отпад во депонијата „Дрисла“, но печката не е набавена. За набавката постои и меница од 700 илјади евра која е нереализирана од за нас непознати причини, вели Шилегов.

Ианку, Шилегов најави најави енергетски ефикасни фасади во сите средни училишта во Скопје ќе бидат изградени со средствата од проектот „Скопје 2014“, најави градоначалникот Петре Шилегов.

Тој рече дека станува збор за 70 милиони денари, а реконструкцијата на средните училишта е планирана да почне на 10  јуни и да трае до почетокот на новата учебна година.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР