Скендер Реџепи – Зејд: Касами не предаде

1678
0
АКЦИЈА

Еден од основачите на Движење Беса, Скендер Реџепи- Зејд му ја префрли вината на Биљал Касами за кризата во партијата.

Пред неколку дена, претседателот Касами го разреши Зејд од функциите на Советот и од Централното раководство, додека Зејд ги собрал потписите на 64-те членови на Централниот Совет, разрешувајќи го Касами од претседателската функција. Ова беше причина да се закаже и првиот конгрес на партијата на 24 февруари.

„Многу лесно може да се види  дека тој не презеде одговорност. Кој ги предаде 58-те илјади гласачи? Кој го предаде мнозинството? Како може да не дозволиме мнозинството да одлучи, кога мнозинството е единствениот демократски пат“, истакна Зејд.

Биљал Касами, во емисија од пред неколку дена на Клик Плус, им подаде рака за помирување на Зејд, Гаши и Ибрахими, додека во вчерашната дебатна емисија, Зејд рече дека Касами не го разрешиле поради амбициите тој да стане претседател, туку единствено од него се барала одговорност за изгубените избори.

„Не треба да поднесат оставка, нека дојдат на состанокот кој ние го нудиме, се разбира дека за ова треба да се добие согласност и од вршителот на должноста, кој е на чело на партијата моментално. Одговорна институција е спас за иднината на Движењето Беса, бидејќи сите други партии кои не  практикуваат одговорност, сите се уништени“, додаде Реџепи.

За поделбите во Централното раководство на оваа партија, пратеникот на Движење Беса, Неџбедин Кахремани вели дека не влијаеле кај нивната пратеничка група. Тој изјави дека петте пратеници се обединети и подготвени да учествуваат во работата на Собранието како единствена група.

„Во моментов сите сме обединети и функционираме исто како и порано“, вели Кахремани.

И пратеникот Фадил Зендели рече дека пратеничката група на оваа партија ќе функционира обединето во согласност со статутот и платформата на партијата, но  не сакаше да одговори околу тоа чии директиви ќе слуша.

Освен поделбата на централното раководство на партијата, документите покажуваат дека парламентарната група составена од петмина пратеници на Движењето Беса не се на иста линија. На една страна се пратениците кои гласале против Касами – Африм Гаши, Реџеп Мемеди и Неџбедин Кахремани, додека на другата страна се Фадиљ Зендели и Теута Биљали кои го поддржуваат Касами.

Аднан Ќаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР