Го нападнале кучиња скитници, петарди му го спасиле животот

1445
0
АКЦИЈА

М.Т. (1965) е тешко повреден, откако во наслебата Гука, Црна Гора, бил нападнат од кучиња скитници. Како што пренесуваат тамошните медиуми, М.Т. утрово тргнал во шума, да пресечи гранки за Бадник, при што го нападнале 20 кучиња.

„За среќа тој носел длабоки чизми кои сигурно му го спасиле животот. Но, сепак го турнале на земја и му нанеле повреди на рацете и телото. Се обидел да побара помош, но залудно. За среќа, дошле неколку луѓе, кои фрлиле петарди со силна детонација и кучињата се разбегале“, вели еден од роднините на повредениот.

Повредениот човек веднаш бил пренесен во интерното одделениот во општата болница во Пљевља.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР