Лукајиќ: Запознаен сум што ме чека во новата средина

51
0
АКЦИЈА

Кошаркарскиот првак на Македонија МЗТ Скопје Аеродром на утрешниот натпревар од АБА лигата на домашен терен ќе биде предводен од новиот тренер Жељко Лукајиќ, кој го наследи Александар Тодоров. Попладнево Лукајиќ ќе го има и првиот тренинг со тимот откако денеска пристигна во Скопје.

– Свесен сум дека доаѓам во клуб со голема традиција, а се сеќавам уште кога МЗТ Скопје првпат влезе во најдобрата лига на некогашната заедничка држава. Јасно ми е каде доаѓам, изминатиов период следев се што се случува во АБА-лигата и добро сум запознаен што ме очекува во новата средина. Ги знам силите со кои располагам, а сега најважна задача ми е да ги уверам кошаркарите во квалитетот кој го имаат и да го насочам сето тоа кон успешни резултати на клубот, изјави  Лукајиќ за официјалниот сајт на клубот.

За нив самите, како што се наведува во изјавата, е лошо кога влегуваат во низа порази, па затоа сум убеден дека и тие ќе сакаат да дадат се од себе за што побрзо со заеднички сили да излеземе од кризата.

– Ќе мора да ја кренеме главата, да поработиме на психата и пред се секој мора да ја сфати својата улога во тимот, изјави  Лукајиќ.

Натпреварот утре почнува во 17 часот и се игра во СЦ „Јане Сандански“. Најавено е враќање на навивачката група „Фемили“ на трибините. Во меѓусебните дуели во АБА лигата црногорскиот тим Морнар има две победи, додека МЗТ Скопје е без триумф.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР