Ново македонско дерби Вардар – Металург во СЕХА лигата

410
0
АКЦИЈА

Македонските екипи во СЕХА лигата вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе одиграат нов натпревар од рамките на 10. коло. Вардар е актуелен шампион и лидер на табелата на СЕХА лигата со максимален учинок оваа сезона или со серија од 15 победи во ова натпреварување.

Кај „црвено-црните“ неизвесен е настапот на Илија Абутовиќ и на Игор Карачиќ, а тренерот на Вардар Раул Гонзалез очекува добар натпревар и многу гледачи на трибините.

За Металург кој се наоѓа на седмото место на табелата со 9 бодови (три победи) ова е дуел во кој може само да добие. Со мотивирана и цврста игра од првата минута ќе имаме шанса да ги изненадиме истакнува тренерот на Металург Александар Јовиќ.

Металург оваа година има победа (29:26) над европскиот првак Вардар во натпревар од домашното првенство на 2.април.

Вечерашниот натпревар има хуманитарен карактер, а средствата собрани од влезниците ќе бидат донирани за лекување на ученикот Борче Јовановски.

Почетокот на дуелот е во 20:45 часот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР