Заев: Ќе се интензивира економската соработка со Турција

397
0
АКЦИЈА

Соработката меѓу Македонија и Турција ќе се интензивира, ќе се работи на зголемување на трговската размена меѓу двете земји, но и на нови инвестиции кои се важни за економскиот раст, порача денеска премиерот Зоран Зааев на средбата со делегацијата од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО).

Заев ги повика домашните компании, членки на МАТТО, да влезат, како што рече, во нови инвестиции за кои ќе добијат силна помош и поддршка од државата.

– Успехот на работењето на новата Влада го гледаме преку успехот што ќе го постигнуваат приватните компании и бизнисот. Наша цврста определба е да работиме како ваш сервис, да ги решаваме проблемите, но и да ги отвораме перспективите за нови инвестиции и развој на вашите бизниси. Веруваме дека ако бизнисот оди напред, ќе се отвораат шансите за квалитетен животен стандард на сите граѓани. Владата работи на градење стабилна и предвидлива бизнис клима за да можете вие и вашите компании слободно да планирате, да градите стратегии но и храбро да влегувате во нови инвестиции, истакна премиерот.

Според него, постои голем интерес за поволностите и поддршката што ги обезбедува Владата во планот за економски раст, еднакво и за домашните и за странските инвеститори.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР